Јапонија испраќа авиони на Блискиот Исток: Токио подготвува голема операција во Иран и Израел

Loading...
Сподели со своите пријатели

Јапонија ќе испрати два воени авиони во Источна Африка за евентуална операција за евакуација на своите граѓани од Блискиот Исток, изјави денес јапонскиот министер за одбрана, Ген Накатани.

Накатани им изјави на новинарите дека два транспортни авиони Ц-2 со вкупно околу 120 членови на екипажот ќе летаат до база во Џибути и ќе бидат во состојба на готовност таму по барање на јапонскиот министер за надворешни работи, Такеши Иваја, објави Кјодо.

– Ситуацијата на Блискиот Исток стана потензична бидејќи Израел и Иран продолжуваат со одмаздничките напади – рече Накатани, нагласувајќи дека јапонската влада е сè уште во подготвителна фаза за евентуален транспорт на јапонски граѓани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина повикува на итен прекин на огнот: „Ова особено се однесува на Израел“

Авионите веројатно ќе ја напуштат Јапонија во сабота, изјавија добро информирани извори за јапонската новинска агенција.

Според официјалните податоци, во Иран има околу 280 јапонски граѓани кои сакаат да ја напуштат таа земја, а 1.000 од нив сакаат да се евакуираат во Израел.

Јапонија, исто така, планира да евакуира со автобус околу 90 граѓани и членови на нивните семејства од Техеран во соседен Азербејџан, додека на оние што живеат во Израел им нуди можност да се евакуираат со автобус во Јордан, според владини извори.