Јапонија би можела да ги ублажи мерките за гранична контрола

Сподели со своите пријатели

Јапонските власти може дополнително да ги олабават граничните контроли за странските патници воведени поради пандемијата на коронавирус како начин за зајакнување на нивната економија, јавува денеска Би-би-си.

Loading...

Заменик-главниот секретар на кабинетот Сеиџи Кихара изјави за локалната телевизија дека слабиот јен е „најефикасен во привлекувањето на влезниот туризам“.

Јенот минатата недела падна на најниско ниво во последните 24 години во однос на американскиот долар, со пад од 1,7 отсто.

Тој рече дека ограничувањето на бројот на странски туристи што влегуваат на дневна основа може да биде укината во „не така далечна иднина“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Јапонија го забрани влезот на повеќето странци во последните две години како дел од мерките за забавување на ширењето на коронавирусот.

На почетокот на овој месец, бројот на дозволени странски туристи во земјата се зголеми од 20.000 на 50.000 дневно, а туристите повеќе не мораа да патуваат со водич.

Други извештаи сугерираат дека владата може целосно да ја прекине мерката за бројот на странци кои се дозволени во Јапонија.