Јакимовски: Полициската акција во Липково, Куманово и Арачиново била поради терористичка група (видео)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во изјава за Телевизијата 21, вели дека полициската акција од пред три месеци во регионот на Липково, Куманово и Арачиново, била поради терористичка група која влегла во нашата земја преку Косово, со цел да ги ослободат затворениците од „Диво Насеље“.

Првата изјава Јакимовски ја даде кон крајот на месецот, две недели откако полицијата го опколи Липково. Во меѓувреме Јакимовски го прозиваше поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да не го лаже народот дека оваа акција била поврзана со мигрантската криза.

Јакимовски и понатаму со ист став. Потсети дека неговите наводи не ги негирал во тоа време ни министерот Спасовски.

Јакимовски ги повика безбедносните сили да се подготват за можни напади, а неговите наводи не ги демантира ниту сегашниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков. Тој во емисијата „Во центар“, рече дека постојат информации дека имало такви активности.

Чавков вели дека МВР има информации за слични терористички акции, со цел да се ослободат членовите од Кумановската група, но оттаму се уште не го повикале Јакимовски на информативен разговор.

Поранешниот министер, Спасовски не сакаше да ги коментира изјавите на Јакимовски, додавајќи дека кажал се што имал да каже. Тој рече дека поради мигрантската криза полицијата го зголемила присуството на безбедносните сили, но исклучи секаква можност за можно влегување на вооружена група на територијата на Македонија.

Извор: Телевизија 21

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.