Ја запросил девојката на погребот на нејзиниот татко: Следеа лавина критики (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Човек кој запроси девојка пред ковчегот на нејзиниот татко во Јужна Африка беше критикуван поради изборот.

Loading...

На ТикТок беше објавено видео на кое се гледа како маж клекнува додека ја замолува својата видно вознемирена девојка да се омажи за него.

Овој бизарен инцидент се случи за време на погреб во провинцијата Лимпопо во Јужна Африка.

На видеото се гледа тажна девојка која седи во првиот ред во близина на нејзиниот починат татко, додека нејзиното момче клечи пред неа.

Видеото стана вирално, а корисниците на социјалните мрежи го критикуваа мажот, велејќи дека ја искористил емотивната ситуација додека неговата девојка не „размислила трезвено“, пренесува Дејли мејл.

Некои истакнаа дека ова е непочитување и дека целата идеја е погрешна.

Не се знае кој бил нејзиниот одговор, иако се чини дека на видеото се гледа дека го задржала прстенот.

 

Loading...
@m.mojela♬ original sound – M.Mojela