Ја сакавте песната “Макарена”, а не знаевте што се крие зад тој хит (видео)

Сподели со своите пријатели

Култната песна од 90 – тите, позната како “Макарена”, со својот заразен ритам и смешно играње, стекна голема слава и бројни обожаватели, кои најверојатно ниту до ден денешен не знаат за што станува збор во таа песна.

Loading...

Шпанското поп дуо Лос дел Рио го објави синглот во 1994 година, и истиот стана вистински хит на бројните семејни веселби, училишни приредби и забави.

Неодамна, екипата од Дистрактифај објасни за што станува збор. Тоа не е песна за убави, позитивни чувства, туку станува збор за девојка со тоа име која го мами своето момче со двајца пријатели додека момчето е на отслужување на воениот рок.

Тоа сигурно не е песна која би ја пуштиле на училишна забава, нели?

Напротив, сега кога знаете што правела Макарена, и вам не ви е јасно зошто токму на таа песна игравте заносно и весело, наместо да плачете за јадното момче со скршено срце.