Ја прогласиле за мртва, а во погребалното претпријатие откриле дека дише

Сподели со своите пријатели

82-годишна жена во саботата наутро била прогласена за мртва во дом за стари лица во Њујорк, по што нејзиното тело било однесено во погребално претпријатие.

Loading...

Но, три часа подоцна, вработените во погребалното претпријатие сфатиле дека 82-годишната жена е жива, пишува Гардијан.

Локалните полициски претставници велат дека ова е втор пат за околу еден месец да се случи вакво нешто во САД.

Жената, чие име не се соопштува, била однесена во погребните домови Дејвис во Милер Плејс, Њујорк, околу 13:30 часот.

Од полицијата велат дека околу 14 часот и 10 минути жената била пронајдена како дише и била пренесена во болница, но нема информации за нејзината состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Новите американски енергетски санкции ќе ги дестабилизираат глобалните пазари

Сличен случај се случи неодамна

Прераното прогласување на смртта се случило пред неколку дена во Ајова, поради што здравствената установа во која се наоѓала жената е казнета со 10.000 долари.

Властите во Ајова соопштија дека 66-годишната жена била прогласена за мртва на 3 јануари во Центарот за нега на Алцхајмерова болест Глен Оукс во Урбандејл, Ајова, каде што била на хоспис.

Ја ставиле жената во торба за тело и ја однеле во погребално со крематориум. Вработените во погребниот дом потоа ја отвориле торбата со телото и ја нашле жената жива, како здивнува за воздух, објави Њујорк Тајмс.

Loading...

Персоналот се јавил на 911 и жената била вратена во болница, каде што починала на 5 јануари, според извештајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци

Полицијата соопшти дека случајот во Њујорк е проследен до канцеларијата на државниот јавен обвинител за истрага.