Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија, јавува ЕМСЦ.
Loading...
Земјотресот е регистриран на 8 километри од градот Мијазаки, на длабочина од 37 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Првиот коментар за ЕМСЦ од граѓани кои случајно биле оддалечени дури 262 километри од епицентарот е дека „целата просторија се движеше и се тресеше“.