Ја претепал снаа си со тесла, жената се бори за живот

Сподели со своите пријатели

На 09.06.2017 година, околу 20,00 часот, во с.Мирковци-Скопје, поради нерасчистени имотно правни односи, Б.П.(59) со неколку удари со тесла во пределот на главата и нанел тешки телесни повреди на неговата снаа за брат С.П.(54).

Истата е пренесена во Клинички центар-Скопје и се наоѓа во животна опасност. Б.П. е приведен во Полициска станица Кисела Вода, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.