Ја отвори вратата од возилото и излезе мечека! „Го демолираше, мојот автомобил…“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Џозеф кој ја отвори вратата од автомобилот се шокираше кога виде огромна црна мечка на седиштето како ја распарчува внатрешноста на неговиот автомобил во потрага по храна

Loading...

Џозеф Дил објави неколку видеа од мечка како го демолира својот автомобил на својот профил на „ТикТок“.

 

@bear_inna_car♬ original sound – bear_inna_car

 

Едно видео покажува како го отклучува неговиот бел Нисан во Гатлинбург, Тенеси и наоѓа мечка во него, а во другото видео мечката се обидува да ја отвори вратата со устата. Во позадина се слуша аларм за автомобил. Додека едната се обидува да влезе во автомобилот, другата мечка чека неколку метри подалеку.

Дил ја отвори вратата и мечката ја исфрли главата. Пријателите на Дил почнаа да викаат за да ја исплашат мечката. Тој исто така ја покажа штетата што животното ја предизвика на внатрешноста на автомобилот.

 

Loading...
@bear_inna_car♬ original sound – bear_inna_car

 

– Мојот автомобил беше апсолутно уништен. Не знам дали може да се спаси – вели тој на видеото.

Седиштата во автомобилот изгледаат џвакано, а на ременот може да се забележат траги од заби.

„Вратата е целосно уништена“, вели Дил.

Постојат околу 1.600 мечки во Националниот парк Село Шалет што ги посетиле Дил и пријателите. Црните мечки имаат слаб вид, но можат да најдат храна користејќи го одличниот слух и чувството за мирис.

 

@bear_inna_car#help #bear #attack #stolen #looters #expensive #hippy♬ original sound – bear_inna_car

Loading...

Leave a Reply