Ја однесе девојката во кино, па следуваше свршувачка каква немате видено досега (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Доколку планиравте да ја свршите својата девојка на старомоден начин со тоа што едноставно ќе клекнете долу и ќе ѝ понудите прстен или истиот прстен ќе го ставите во нејзината торта за време на романтична вечера, подобро да го промените планот.

Loading...

Откако ќе видите како овој човек ја сврши својата девојка, сè што видовме досега паѓа во вода.

Тој ја однесе својата девојка во кино, а потоа започна и филм кој многу наликува на „Убавица и ѕвeверот“ на Дизни, но овој пат принцот и принцезата изгледаа нешто поразлично, така да се каже, тие изгледаа многу како него и неговата девојка.

Тој ја гледаше реакцијата на неговата девојка, а таа со чудење го гледаше филмот. Во еден момент на платното, принцот успеа да ја разбуди принцезата и да ѝ понуди прстен.

Кога го стори тоа, принцот се сврте кон публиката и го фрли прстенот, а некој всушност му фрли на момчето прстен. Тој го фаќа и ја замолува својата девојка да се омажи за него.

Отпрвин таа беше шокирана, се сврте кон салата, го праша како успеа да го организира тоа, а потоа виде дека само нивните пријатели и семејства се во салата.

Откако успеа да се опорави од шокот, таа ја прифати неговата понуда.

https://youtu.be/9VIu2-eDAmU

Leave a Reply