Една жена тешко е повредена кога рој шчели ја нападнале и ја изболе 200 пати, а освен неа нападнале и три лица кои и притрчале во помош, а меѓу кои и двајца пожарникари.
Инцидентот се случил во понеделник наутро во округот Оринџ, Калифорнија. Пожарникарит екои итно биле повикани на местото на настанот, затекнале жена која целосно била прекриена со пчели.
Додека и припѓале на несреќната жена, виделе дека пчелите се наоѓаат на слоеви по неа, а огромен број биле и на нејзиното лице и врат.
Трудница се сликала со 20.000 пчели на стомакот, но љубовта кон нив не завршила среќно (фото+видео)
Loading...
Пожарникарите немале време да стават заштитна опрема, а пчелите се обиделе да ги отстранат со помош на противпожарен апарат.
– Ја држев жената и и зборував „Одиме“. Пчелите беа насекаде по раката, но беше прелашена, па одлучивме да ја зграбиме и одведеме подалеку од тоа место, затоа што не знаевме од каде дошле пчелите, раскажал еден од пожарникарите.
Подоцна се испоставило дека Марија (48) тргнала до својот автомобил по средства за чистење на домот и тогаш ја нападнале пчелите. Избодена е повеќе од 200 пати и пренесена во болница во критична состојба, каде ја сместиле на интензивна нега.
Сепак, лекарите очекуваат за неколку дена да излезе од болница.
Повредените пожарникари исто така се хоспитализирани поради бројните убоди, но истиот ден се вратиле на работа.