Ја молел полицијата да го однесат во затвор за да го спасат – Домашниот притвор му се претворил во пекол

Сподели со своите пријатели

Маж кој бил во домашен притвор во Италија се појавил во полициска станица, барајќи од полицијата да го стави во затвор бидејќи неговиот живот со сопругата дома е неподнослив, соопштила италијанската полиција.

Албански државјанин (30) кој живеел во Гвидонија Монтечелио, надвор од Рим, „повеќе не можел да се носи со присилниот живот со сопругата“, се вели во соопштението на полицијата.

 

 

– Револтиран од ситуацијата преферирал да избега од домашен притвор, се обратил во полиција да го замоли казната да ја одлежи зад решетки – се додава во соопштението.

Човекот беше во домашен притвор неколку месеци поради дрога и имаше уште неколку години да ја отслужи казната, изјави капитенот Фанческо Џакомо Феранте од карабинерите на Тиволи.

– Живееше дома со сопругата и семејството. Веќе не му било добро. Дојде и ми рече: „Слушај, мојот семеен живот стана пекол, не можам повеќе, сакам да одам во затвор – додаде Феранте.

 

 

Мажот веднаш бил приведен поради прекршување на мерката куќен притвор, а правосудните органи наредиле негово префрлање во затвор.