Ја фатил стјуардесата за задник во авионот, добил 6 месеци затвор

Сподели со своите пријатели

Канаѓанец е осуден на шест месеци затвор бидејќи фатил стјуардеса за задник на летот од Мексико до Мајами, пренесува NBC News.

Loading...

50-годишникот беше осуден во понеделникот во федералниот суд во Мајами.

Тој ја призна вината за инцидентот што се случи на 6 август, уште во октомври.

Што точно се случило?

Инцидентот се случил во моментот кога стјуардесата делела пакетчиња со грицки на летот од мексиканскиот град Канкун до Мајами.

 

 

Loading...

Пакетот го оставила во скутот на Канаѓанецот бидејќи мислела дека спие, а кога се свртела, мажот ја фатил за бутовите и задникот, се вели во судските документи.

По инцидентот, на стјуардесите им пришле неколку патници и изразиле шокираност од настанот, додавајќи дека се подготвени да и кажат на полицијата што виделе, јавува NBC News, повикувајќи се на судски документи.

Стјуардесата веднаш извикала и му рекла на човекот да престане, на што тој одговорил со неартикулирано мрморење.

Според одлуката на судот, мажот кој за време на судењето бил ослободен бидејќи платил кауција, мора да се јави во затвор до 28 март.