Извршена дезинфекција во затвор Куманово, забрана за посети на осудените

Сподели со своите пријатели

Извршена е целосна дезинфекција на затворот  во Кшање, соопштија денеска надлежните од казнено поправната установа Куманово. Обезбедени се средства за дезинфекција кои се распределни на вработените, осудените и притворените лица, набавени се заштитини маски и стази за  подна дезинфекција, поставени на влезот на установата.

Loading...

-На осудените лица им е дозволен контакт меѓу себе. Тие се сместени во одделни соби (од четири до шест лица), но меѓусебната комуникација не им е ограничена од причина што тие се изолирани од надворешниот свет. Контактот на осудените и притворени лица со надворешниот свет е целосно ограничен. Ограничувањето подразбира забрана за посета од нивните семејства, забрана за домашни отсуства и годишни одмори, забрана за излез од седум  часа надвор од установата, забрана за посета со брачен и вонбрачен партнер во посебна просторија- изјави директорот на установата, Марјан Спасовски.

Што се однесува за вработените, информираше Спасовски, еден дел користат платено отсуство, согласно одлуките на Владата, а останатите  ги извршуваат работните задачи, почитувајќи ги мерките за превенција од ширење на коронавирусот.

МИА

Leave a Reply