Извонредни резултати на младите спортисти од Предатор на „Трофеј Белград“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Младите борци од кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово се вратија со извонредни резултати од Меѓународниот турнир „Трофеј Белград“ кој викендов се одржа во соседна Србија.

Loading...

 

 

Со сребрени медали се вратија Марко Станојковски и Лука Додиќ, додека бронзата му припадна на Богдан Стојановски. Четврто место освоија Јован Митевски и Давид Младеновски.

 

 

Loading...

– Лично сум презадоволна од момчињата, сите имаа по три борби, а тоа значи дека беа целосно во категоријата. Натпреварот беше тежок и напорен затоа што сите борби се во ист ден. Марко и Лука имаат второ место и беа многу блиску до првото. Секако местата се заслужени и на сите им е прво учество освен на Лука кој настапува по втор пат. Преубаво искуство, уште поголема мотивација да се подготвиме за натпреварите што следуваат, вели Теодора Димковска, еден од тренерите во КБК „Предатор“.

 

 

Освен Предатор, на натрепварот учествуваше и КБК и ММА клуб Куманово 2006 чиј натпреварувач Ненад Димковски освои златен медал.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *