Ненад Димковски со злато од „Трофеј Белград“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ненад Димковски член на Кик-Бокс Клуб Куманово 2006 ги оправда очекувањата и се врати со златен медал од Меѓународниот турнир „Трофеј Белград“ кој се одржа од 23 до 25 април.

Loading...

 

 

Имено Димковски во диналето се сретна со Едуард Земанко од Клубот „Сенти“ од Србија и го победи и освои златниот медал во сениорска конкуренција во категорија -91 килограми во дисциплината лоу кик.

 

 

Loading...

– Во вакви услови во кои што сме со пад на имунтети и што живееме со Ковид19, и воопшто учеството на вакви реномирани и квалитетни меѓународни турнири претставува голем успех и да напоменам дека Ненад освои златен медал. Тој покажа храбро срци и достојно го претстави градот и клубот. Ќе продолжиме со тренинзите и јас како тренер му предвидувам успешна натпреварувачка кариера, изјави Сашо Илиевски тренер на Кик бокс и ММА клуб Куманово 2006.

 

 

Освен од Македонија, на турнирот учествуваа и натпреварувачи од Србија, и БиХ. На турнирот со македонските натпреварувачи бил и претседателот на КБМА Дејан Митровски Урко, кој како што вели тренерот Илиевски, дал лични заложби за да се постигнат врвни резултати.

 

 

Loading...

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *