Извесни се нови рестриктивни мерки во Австрија поради Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Австриската Влада во моментов разгледува ново, трето целосно заклучување поради пандемијата на новиот коронавирус.

Loading...

Новите рестрикциски мерки, според извештаите на медиумите засноваи на информации од владата, ќе стапат на сила од 26 декември и ќе траат до 10 јануари.

Министерството за здравство посочува дека работат на нова регулатива за времето по Божик.

Тие регулативи ќе бидат како неодамна завршените и предвидува затворање на училишта и градинки, кои секако се на одмор во тоа време, како и продавници, освен продавници за храна и аптеки.

Ќе се забрани и работа во услужните активности, а хотелиерството останува затворено.

Покрај тоа, ќе биде во сила целодневниот полициски час, кој во моментов важи од 20 до 6 часот наутро, но со исклучок на одење во шопинг, помагање на други лица, одење на лекар или прошетка поради ментална и физичка состојба.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц попладнево ќе разговара со членовите на неговата влада со гувернерите на австриските покраини за новата уредба, што треба да биде усвоена во Парламентот следната недела.

Златко Шумковски

Loading...

Leave a Reply