Изразот на лицето на Блинкен додека Бајден го нарекува Си диктатор кажува повеќе од 1.000 зборови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Камерата на Си-Ен-Ен го забележа изразот на лицето на шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен во моментот кога американскиот претседател Џозеф Бајден на прес-конференција го нарече својот кинески колега Си Џинпинг диктатор.

Loading...

Бајден на прес-конференција, на која требаше да ги претстави резултатите од самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) рече дека сè уште го смета својот кинески колега за диктатор.

„Тој е диктатор во смисла дека е човек кој раководи со земја, комунистичка земја заснована на форма на владеење која е сосема поинаква од нашата“, рече Бајден.

Судејќи според снимката снимена од камерата на Си-Ен-Ен, самото прашање на новинарот упатено до Бајден, дали тој сè уште го смета Си за диктатор, предизвика непријатност кај американскиот државен секретар, а изразот на лицето кога американскиот претседател ќе одговори потврдно јасно покажува што мисли Блинкен за јавно искажување вакви ставови.

По повод вчерашната изјава на Бајден, Кина оцени дека ваквиот говор претставува неодговорна политичка манипулација.

„Ваквиот говор е крајно погрешен и претставува неодговорна политичка манипулација. Кина цврсто се противи“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг по самитот меѓу двајцата лидери во Калифорнија.

Таа додаде дека „секогаш има луѓе со задни намери кои се обидуваат да сеат раздор и да ги уништат кинеско-американските односи“, но дека, како што рече, нема да успеат.

Си и Бајден се состанаа на маргините на конференцијата за азиско-пацифичка економска соработка во Калифорнија, а последен пат разговараа во ноември 2022 година за време на самитот на Г20 во Бали.

Loading...