Израелските сили убија двајца палестински напаѓачи

Сподели со своите пријатели

Израелските безбедносни сили убиле тројца палестински вооружени лица во вооружени судири на окупираниот Западен Брег, соопшти израелската армија, додавајќи дека меѓу нив бил баран „член на терористичка ќелија“, пренесува Тајмс оф Израел.

Loading...

Како што соопштија, израелските сили ја опколиле куќата на високиот командант на милитантната група Бригада на маченици Ал Акса, Ибрахим ал Набулси, кого Израел го бара долго време, барајќи од него да излезе, пренесе Ројтерс.

Ал-Набулси, забарикадиран внатре со други милитанти, одбил да се предаде, па следела битка со израелските сили.

Палестинските здравствени власти потврдија дека Ал Набулси и уште еден милитант се убиени и додадоа дека 40 други се повредени, многумина во судирите што избувнаа по пукањето.

Нема извештаи за израелски жртви, наведува британската агенција.

Смртоносниот судир во градот Наблус на северниот дел на Западниот Брег дојде помалку од два дена откако Израел и палестинската милитантна група Исламски џихад ги завршија тридневните борби во Газа.

Ал-Набулси беше член на неодамна формираната „Наблус бригада“, палестинска милитантна алијанса во градот во која има и вооружени лица од Исламскиот џихад.

Израелската војска соопшти дека тој е осомничен дека извршил неколку напади врз израелски цивили и војници.

Loading...

Израел и палестинскиот исламски џихад се согласија на примирје што требаше да започне во 23:30 часот по локално време во неделата, но почетокот на прекинот на огнот беше одложен бидејќи ракети од Газа беа истрелани врз Израел неколку минути по договореното примирје, јавуваат израелските медиуми.