Израелскиот премиер Нафтали Бенет бил позитивен на тестот за ковид-19, соопшти денеска неговиот кабинет, еден ден по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Ерусалим.
Како што е наведено, премиерот се чувствува добро и ќе продолжи да работи од дома според планот, кој вклучува брифинг за синоќешниот напад во Хадера во северниот дел на Израел, во кој беа убиени двајца полицајци.
Зеленски: Амандмани на Уставот за неутралност со народен референдум
Блинкен пристигна во саботата вечерта и се состана со Бенет во неделата, пред да отпатува на југот на Израел до Сде Бокер во пустината Негев за да се сретне со израелскиот министер за надворешни работи Јаир и колегите од четири арапски земји, пренесува АФП.
Блинкен и Лапид денеска ќе се сретнат со министрите за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, Мароко, Бахреин и Египет.
На средбата ќе стане збор за цивилната нуклеарна програма на Иран.
Во неделата Блинкен се состана и со израелскиот претседател Исак Херцог и министерот за одбрана Бени Ганц.
Тој исто така беше на окупираниот Западен Брег во Рамала, каде што разговараше со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Во Израел има зголемување на инфекцијата со Ковид-19 бидејќи таму се шири вирусот омикрон, како и во многу други земји, наведува АП.
Бенет пристигнал во градот Хадера неколку часа пред тестот, каде двајца напаѓачи убиле двајца гранични полицајци и раниле уште неколку лица пред да бидат убиени од полицајци.
Израелската влада вели дека напаѓачите, израелски Арапи, ја поддржувале џихадистичката организација Исламска држава.
Екипите на Црвениот крст сѐ уште не можат да стигнат до Мариупол
Тоа беше втор најсмртоносен напад во Израел за помалку од една недела, а се случи пред чувствителниот период на светиот муслимански месец Рамазан.
Властите се во состојба на готовност, а нападот се заканува да го засени собирот на министрите за надворешни работи.
Минатиот вторник, бедуин напаѓач, поддржувач на Исламската држава, уби четири лица со нож на југот на Израел. Потоа бил убиен од цивилен минувач.