Екипите на Црвениот крст сѐ уште не можат да стигнат до Мариупол

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) утринава објави дека сè уште не може да достави помош до опколениот Мариупол, бидејќи бара Русија и Украина да гарантираат безбедно минување, јавува Би-Би-Си.

Loading...

– Двете страни мора да дадат гаранции и да постигнат договор за да се овозможи безбедно поминување. Тие треба да ја објават рутата и да им дадат доволно време на луѓето да излезат. Во моментов немаме тим кој има пристап до градот, изјави портпаролот на МКЦК Мет Морис за Би-Би-Си.

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

Меѓународното хуманитарно право, рече тој, бара на луѓето да им се дозволи да си заминат, но не треба да се принудуваат да си заминат. Многу жители на Мариупол со недели се кријат во подрумите, без храна, вода и лекови.

Украина ја обвинува Русија дека насилно преселила илјадници цивили од опустошениот град во областите под руска контрола.

 

Loading...

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

Русија ги отфрли обвинувањата, но пријави евакуација под руска придружба.

МКЦК вели дека тие никогаш не помогнале во присилната евакуација и велат дека не им помогнале на Русите да планираат да ги преселат украинските бегалци од Мариупол.