Ердоган го повика Путин да го прекине огнот во Украина

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и се согласил следната рунда разговори меѓу Украина и Русија да се одржи во Истанбул.

Loading...

Ердоган го повикал Путин да го прекине огнот и подобри хуманитарни услови за цивилите по руската инвазија на Украина, објави неговиот кабинет.

 

Екипите на Црвениот крст сѐ уште не можат да стигнат до Мариупол

 

Ердоган ја истакнал потребата од што поскоро прекин на огнот во Украина.

Тој исто така рекол дека Турција е подготвена да обезбеди хуманитарна помош, пренесува руската новинска агенција Интерфакс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Турција се надева дека преговорите во Истанбул ќе доведат до прекин на огнот и мир во Украина, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Loading...

 

Чернихив опкружен со руски сили, луѓе без струја и вода

 

„Се надеваме дека овие преговори ќе доведат до прекин на огнот и ќе создадат услови за мир“, рече тој.