Израелски војник осквернави статуа на Богородица. Ѝ пикна цигара во уста (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Израелската армија започна истрага откако фотографија на која се гледа како војник осквернавува статуа на Богородица во јужен Либан стана вирална.

Армијата објави во среда дека го смета инцидентот за „сериозен“ и вети дека ќе преземе мерки против војниците, објавува The Times of Israel.

Медиумите известуваат дека првичната истрага покажала дека фотографијата е направена во претежно христијанското село Дебел пред неколку недели, но била објавена на интернет дури во среда.

 

 

На фотографијата се гледа војник како става цигара во устата на статуата додека истовремено пуши.

Ова е најновиот во низата инциденти во кои израелските војници осквернавуваат верски места и уништуваат имот во јужен Либан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хезболах испука ракети врз израелски војници во јужен Либан

Минатиот месец, друг војник беше фотографиран како оштетува статуа на Исус во истото село.

Според либанските медиуми, израелските сили користеле и булдожери за да уништат соларни панели во Дебел кои снабдуваат со електрична енергија во водоводниот систем на градот, како и уништиле куќи, патишта и маслинови насади.