Израелската ултрадесница луто реагираше на извештајот за планот за создавање на Палестина

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави, со неколку арапски сојузници, подготвуваат детален план за сеопфатен мировен договор меѓу Израел и Палестинците, кој вклучува „цврст рок“ за палестинска држава, објави денеска Вашингтон пост.

Loading...

Планот би можел да биде објавен во наредните недели, објави американскиот весник, а неколку израелски министри веднаш го отфрлија.

„Никогаш нема да се согласиме под никакви услови на тој план, кој во основа вели дека Палестинците заслужуваат награда за страшниот масакр што го извршија врз нас – палестинска држава со главен град во Ерусалим“, рече министерот за финансии, ултрадесничарот Безалел Смотрич на платформата X со линкот за извештајот за планот.

„Пораката е дека се исплати да се масакрираат граѓаните на Израел“, рече Смотрич, оценувајќи дека државата Палестина е егзистенцијална закана за државата Израел, како што беше демонстрирано на 7 октомври минатата година.

Министерот за национална безбедност на Израел, исто така ултрадесничар Итамар Бен-Гвир, им се придружил на Смотрич и другите колеги кои луто реагирале на извештајот за американскиот план за признавање на палестинската држава како дел од мировниот план, јавуваат израелските медиуми.

„Намерата на САД заедно со арапските земји да основаат терористичка држава покрај државата Израел е погрешна и дел од заблудата дека има партнер за мир на другата страна“, рече Бен-Гвир, додавајќи дека по октомври 7 појасно од кога било дека е забрането да им се даде држава на Палестинците.

Во извештајот на „Вашингтон пост“ се цитирани американски и арапски претставници кои велат дека планот и најавата се клучни за постигнување на првичниот шестнеделен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

За време на прекинот на огнот, САД планираат јавно да го објават планот и да преземат првични чекори кон имплементација, вклучително и формирање привремена палестинска влада, а потоа да добијат дополнителна поддршка.

Loading...

Сепак, во извештајот се наведува дека не е јасно дали Израел ќе се согласи на ова.

Предложениот план вклучува чекори што Израел претходно ги отфрли и се чини дека воопшто нема да бидат прифатени од актуелната екстремно десничарска израелска влада.

Планот вклучува евакуација на многу еврејски населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим како главен град на Палестина и заедничко обезбедување на Западниот Брег и Газа.

Во извештајот се наведува дека постои надеж дека Израел би можел да биде убеден да го прифати со безбедносни гаранции и нормализација на односите со арапските земји, пред се со Саудиска Арабија.