Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека воздухопловните сили се подготвени да продолжат со нападите врз цели во Иран.
На заеднички состанок помеѓу началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал Ејал Замир, и командантот на воздухопловните сили, генерал Томер Бар, беше заклучено дека „патот кон Иран е отворен“.
„Според плановите, борбени авиони на израелските воздухопловни сили ќе започнат напади врз цели во Техеран“, рекоа тие.
Што се случува?
Од вчера, има сериозна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, откако Израел изврши воздушни напади врз цели во Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти.
Техеран потоа возврати со нов бран напади со ракети и беспилотни летала, додека израелските сили најавија продолжување на операциите.
Предупредувања за понатамошна ескалација доаѓаат од неколку земји, а регионот е на работ на поширока војна.