Израел: Во копнената операција досега загинаа 50 војници

Loading...
Сподели со своите пријатели

Бројот на загинатите израелски војници од почетокот на копнената операција во Газа достигна 50, пишува Тајмс оф Израел, се наведува во военото соопштение.

„Уште двајца војници загинаа во борбата против терористите на Хамас во северниот дел на Појасот Газа, со што бројот на загинати во израелската копнена операција се искачи на 50“, се вели во соопштението.

На 7 октомври Хамас изврши ракетен напад врз Израел од Појасот Газа, а потоа членовите на таа палестинска милитантна група навлегоа во пограничните области на југот на Израел, каде што отворија оган и врз војската и врз цивилите и зедоа повеќе од 200 заложници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел тврди дека крајот на војната во Газа е близу: Во вчерашниот напад убиени најмалку 100 луѓе

Во Израел, според последните податоци, во тој напад загинале околу 1.200 луѓе, а повеќе од 5.000 биле повредени.

Како одговор на тоа, израелската армија ја започна операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа, во која според последните податоци загинаа повеќе од 11.000 луѓе, а над 29.000 беа повредени.