Loading...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нападите врз Иран се резултат на долгогодишни подготовки.
Началникот на Генералштабот на ИДФ, Ејал Замир, изјави дека подготовките се интензивирани во последните месеци и се одвиваат во „строга тајност“.
Без да открие конкретни детали, Замир изјави дека операцијата е можна „благодарение на совпаѓањето на оперативните и стратешките услови“ и дека нејзиното одложување би значело ризик од губење на тие поволни околности и ставање на Израел во неповолна положба.
„Благодарение на силниот и изненадувачки првичен удар, постигнавме извонредни резултати“, рече Замир.