Израелската воена авијација утрово изврши напад врз градот Кфар во областа Бинт Џбеил во јужен Либан, отсекувајќи го патот до тоа место, јави либанската национална новинска агенција.
Нападот се случи и покрај договореното примирје кое стапи на сила на 17 април, кое беше продолжено за три недели од американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот.
Пред нападот утринава, најмалку 14 лица, меѓу кои жени и деца, загинаа, а 37 беа ранети во израелските напади врз јужен Либан, односно врз областите северно од „безбедносната зона“ што ја прогласи Израел.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека меѓу загинатите има две деца и две жени, а повредени се уште три жени, пренесува Ал Џезира.
Израелската армија започна бран воздушни напади и артилериско гранатирање, откако во напад со беспилотно летало на Хезболах претходно загина еден, а рани шест израелски војници.
Во меѓувреме, Центарот за итни здравствени операции на Министерството за јавно здравје на Либан издаде соопштение во кое соопшти дека вкупниот број на жртви на агресијата од 2 март до 26 април е 2.509 загинати и 7.755 ранети, пренесува Танјуг.

