Израел предлага поблаги мерки за носење оружје

Сподели со своите пријатели

Безбедносниот кабинет на Израел одобри мерки кои ќе им го олеснат носењето оружје на Израелците по двата одделни напади на Палестинците во Ерусалим оваа недела, јавува Би-Би-Си, додавајќи дека во недела целосниот кабинет ќе ги разгледа предложените мерки.

Loading...

„Кога цивилите имаат оружје, тие можат да се одбранат“, изјави контроверзниот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир за новинарите пред болницата во Ерусалим.

Новите мерки вклучуваат одземање на правото на престој и социјална сигурност на членовите на семејството на напаѓачот.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети „силен“ и „брз“ одговор на состанокот на безбедносниот кабинет.

„Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен“, рече Нетанјаху. „Не сакаме ескалација, но подготвени сме на секое сценарио.“

Предлози на екстремно десничарски партии

Тој најави „забрзан процес“ на запечатување и рушење на куќите на извршителите на антиизраелските напади, што невладините организации за човекови права го нарекуваат колективна казна.

Тој, исто така, им се заблагодари на неколку светски лидери за нивната поддршка, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден.

Предлозите се во согласност со оние на екстремно десничарските политички сојузници на Нетанјаху, кои му помогнаа да се врати на власт минатиот месец.

Loading...

Израелската армија најави дека дополнителни трупи ќе бидат распоредени на окупираниот Западен Брег.

Соопштението уследи откако израелската полиција соопшти дека 13-годишно палестинско момче стои зад пукањето во ерусалимската населба Силван во саботата, во кое тешко беа ранети израелски татко и син.

Во одвоено пукање во петокот во синагога во источен Ерусалим, седум лица беа убиени, а најмалку три други беа ранети додека се собраа на молитва на почетокот на еврејската сабота. Напаѓачот е убиен на лице место.

Тензиите се високи откако девет Палестинци – и милитанти и цивили – беа убиени за време на израелски воен напад во Џенин на окупираниот Западен Брег во четвртокот.

Потоа следеше израелски ракетен истрел од Газа, на што Израел одговори со воздушни напади.

Од почетокот на јануари 30 Палестинци се убиени на Западниот Брег.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги суспендираше договорите за безбедносна соработка со Израел по рацијата во Џенин во четвртокот.