Израел Кац: Газа гори, израелските сили храбро се борат

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелските сили „храбро се борат“ за да создадат услови за ослободување на заложниците и пораз на Хамас, откако палестинските медиуми објавија за ноќното бомбардирање во Газа.

„Газа гори. Израелските одбранбени сили ја удираат терористичката инфраструктура со железна тупаница. Нема да попуштиме и нема да се откажеме додека мисијата не биде завршена“, рече Кац во соопштението, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелските вооружени сили започнаа копнена офанзива со цел освојување на градот Газа, објави „Аксиос“, повикувајќи се на официјални изјави.

Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека операцијата имала за цел уништување на воената инфраструктура на палестинската милитантна група Хамас, објави „Танјуг“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќе земји се заканија дека ќе ја бојкотираат Евровизија ако учествува Израел

Во претходните денови, воздушните напади врз станбените и високите згради во Газа, за кои Израел тврди дека ги користел Хамас за воени цели, се интензивираа.

Израелските власти ги повикаа жителите на Газа да се преселат јужно од ослободените зони за да ги избегнат последиците од офанзивата.

Досега, околу 300.000 луѓе го напуштиле градот, според американскиот портал.