Тројца цивили загинаа, а девет се ранети во израелски напад врз главниот град Дамаск, објавија рано утринава државните медиуми повикувајќи се на воени извори.
Државните медиуми објавија дека во сириската престолнина се слушнале експлозии и дека противвоздушната одбрана пресретнала „непријателски цели“ над периферијата на Дамаск „три пати по ред во една ноќ“.
Израелскиот напад предизвика и значителна штета на приватната сопственост, додаваат тие.
Сириската државна телевизија претходно објави дека нивната водителка Сафаа Ахмад била убиена во израелски напад, а како што пишува Ројтерс, засега не е јасно дали таа била меѓу тројцата цивили кои ги споменуваат државните медиуми.
На прашањето на Ројтерс за нападот, израелската армија соопшти дека не ги коментира најавите добиени од странските медиуми, пишува Index.hr.
Израел со години извршува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, но таквите напади ги засили по минатогодишниот напад на Хамас на израелска територија, потсетува Ројтерс.