Изминатата недела 22 лица од Куманово се заболени од грип

Сподели со своите пријатели

Вкупно 22 лица заболени од грип се јавиле на преглед кај своите матични лекари во период од 21-ви до 27-ми декември, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Од нив три лица се на возраст до четири години, пет се на возраст од 5 до 14 години, додека најмногу заболени се во старосната граница од 15 до 64 години и тоа вкупно 14 лица, додека само едно лице над 65 години се јавило на преглед поради грип, стои во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.