Изменето работно време на отсеците за управни работи на МВР

Сподели со своите пријатели

 Во насока на почитување на заклучоците,  мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, а со цел  превенција од ширење на корона вирусот (COVID 19), со наредба од страна на министерот за внатрешни работи  Наќе Чулев, Отсеците за управни работи и Одделението за управни работи Скопје во состав на Одделот за граѓански работи при МВР, започнувајќи од утре, среда ( 18. 03.) ќе работат со изменето работно време.

Loading...

  Имено, Отсеците за управни работи Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово, Штип и подрачните едицини под нивна надлежност, ќе работат  во една смена во периодот од 07,30 до 16,30 часот.  Во Одделението за управни работи Скопје, работното време е организирано на следниот  начин: за пунктовите во  МРТВ, “Беко“ и Ѓорче Петров работното време ќе биде во периодот од 07,30 часот од 18,00 часот, додека пак за пунктовите во Бутел и Драчево работното време ќе почнува во 10,00 часот се  до 18,00 часот.

 Сите  граѓани што веќе имаат добиено термини за аплицирање надвор од ново утврденото работно време, ќе можат да се фотографираат и поднесуваат апликации во рамки на работното време во датумите на кои што им се закажани термините.

 Воедно, МВР апелира граѓаните да го редуцираат доаѓањето на шалтери во министерството, освен ако немаат итна потреба, да користат телефонска и е-маил комуникација за добивање на информации, а МВР по завршување на настанатата состојба со ангажирање на сите свои ресурси ќе овозможи навремено остварување на граѓанските права по однос на вадење лични документи.

Интегрално соопштение: Министерство за внатрешни работи

Leave a Reply