Изложбата „Јас и моите пријатели” во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

На 15 март во 19 часот во  Изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев Куманово ќе биде отворена изложбата „Јас и моите пријатели”.

Loading...

Изложбата е по иницијатива на ликовниот уметник Мики Трендафиловски којшто по повод на оваа изложба ќе запише:

Идејата за една ваква изложба се роди во јуни месец минатата година, кога работев еден проект под наслов „Јас и моите пријатели за Тоше за Крушево“ во организација на Спомен куќата „Тоше Проевски“ во Крушево.

Во оваа време-невреме, кога владејат поделби на големи и мали, на вакви и онакви, кога во светот се водат непотребни војни, Јас и моите пријатели, со оваа изложба сакаме да испратиме порака дека светот е   доволно голем и сонцето подеднакво грее за сите нас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од пруга, стрништа и приватен имот изгореле во пожарот во Агино село

На изложбата ќе бидат претставени педесетина дела, минијатури и мал формат, од 29 автори од пет држави. Ова е изложба без граници, без предрасуди поделби на големи и мали, изложба каде делата се мали по димензии но големи по вредност и квалитет.

Слики, цртежи, графики, работени во разни сликарски и графички техники почнувајки од молив, туш, акварел, темпера, масло, акрил, акватинта се плод на креативноста на моите пријатели, почитувани колеги: Маестро Академик Васко Ташковски, Ацо Филиповски, Данчо Ордев, Драги Хаџи Николов, Стојче Гоцков, Бранко Кончалиев, Зоран Јакимовски, Рајко Каришиќ, Драган Ѓорѓевиќ, Мирјана Шимуновачки Шуњевариќ, Мајпејкер Јонсул, Катарина Ѓорѓевиќ, Ѓуро Дрљача, Пламен В’лчев, Јасмина Пајовиќ, Марија Ефтимова, Зоран Арсовски –  Бабата, Трајан Трајковски, Гроздан Крстевски, Цветанка Грнчарова, Никола Стојановиќ, Зорана Јовановиќ, Весна Маринковиќ Станковиќ, Анкица Верхас, Емилија и Стојче Тоциновски, Александар Стефановски и мојата маленкос Мики Трендафиловски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет екипи гаснеле пожар од Агино село преку Брзак до Романовце

Со желба за добро здравје, повелете на изложбата.

Изложбата ќе биде поставена до 27 март 2023.

Loading...

Интегрално соопштение