Изложба „Жените и фотографијата“ за 8ми март во „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Во чест на Интернационалниот ден на жената, 8-ми Март, и оваа  година на 05.03.2021 (петок), во 12 ч.  Фото клуб Куманово во соработка со НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ја организира изложбата на уметнички фотографии Жените и фотографијата“.

Loading...

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век. Меѓународниот ден на жената – празник со симболичен статус  за рамноправноста и достоинството е ден за славење на жените и истакнување на нивните достигнувања при подигнување на свеста за борбaта за еднаквост.  Фотографијата е јасен пример за напредокот. Додека списоците на „мајстори на фотографијата“ обично ги именуваа сите значајни мажи фотографи,  жените полека ја превземаат фотографската индустрија. Фотографијата не би била тоа што е денес, доколку не беше храброста и страста на одлични жени фотографи, поради кои фотографијата достигна возвишена состојба  на уметност. Бројот на жени фотографи се зголеми во текот на минатиот век, а денес може да зборуваме за избалансиран однос помеѓу мажи и жени во оваа професија.

 

 

Жената отсекогаш била дел од светот на фотографијата, како муза, модел и инспирација, но и како уметник чии фотографии имаат моќ да инспирираат. Суптилноста и  чуствителноста на жената, вроденото чуство за грижа, внимателност како карактеристики кои ни се припишуваат се предност во  оваа област за остварување на посакуваниот ефект – да се долови момент, зачува спомен, раскаже приказна или испрати порака.

 

Loading...

 

Морам да кажам дека Фото Клуб Куманово е со поголема бројност на жени фотографи, кои како активни членови на клубот успеаа да се закитат со многу награди годинава. Поради интересот минатогодишната изложба беше презентирана и во други градови, а се надеваме така ќе биде и оваа година.  Изложбата  брои 50 фотографии,  и е составенаод две теми, ставајќи акцент на улогата на жената во современието, но и оставајќи слободен простор за интерпретација на авторите.

 

 

Застапеноста на жени фотографи во сите жанрови е она што ги инспирира генерациите да ги ценат различностите и да продолжат да се борат за еднаквост. Важно е да твориме во свет во кој нашите аспирации не се маргинализирани или компромитирани заради полот.

 

Loading...

 

Фото Клуб Куманово традиционално ја користи можноста да  го одбележи денот на жената со славење на работата на жените фотографи! Благодарност до сите жени кои со својот труд, желба и истрајност остават белег во оваа креативна индустрија. Изложбата ќе биде поставена до 17 март 2021.

Интегрално соопштение: НУЦК „Трајко Прокопиев“

Leave a Reply