Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата” во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово во среда со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија “Жените и фотографијата”

Loading...

Во чест на меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, Фото клуб Куманово во изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“, ја организира националната изложба на уметничка фотографија Жените и фотографијата.

Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, е потсетник да запреме – да го согледаме и славиме напредокот на жените низ историјата. Историја која сведочи за борба на храбри и достоинствени жени со цел обезбедување на подобра позиција на жената во сите сфери на општеството. Општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост – општество отворено за промени и нови предизвици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поголема излезност во Куманово од минатите избори

Фото Клуб Куманово на творечки начин говори за ангажираното присуство на жената во светот на фотографијата и тоа го претвора во традиција! Ова девето издание на изложбата во која се прикажани над 50 фотографии од женската фотографска фела од републиката. Жените преку фотографијата прават вистинска револуција во осознавање на светот, која води кон рушење на поделбите, а со тоа и прифаќање на нови мислења и воспоставување на нови парадигми. Како индивидуи, или здружени, тие се борат за еднаквост на можностите, но и за еднаквост во резултатите! Фотографијата како актуелен и моќен медиум на изразување одбележувајќи го секој белег на времето во кое живееме, сведочи за успешноста на жените во креирање на поубав и по хуман свет!

На овогодинешната изложба покрај познати фотографски имиња ќе се најдат и имиња на ученички од локалните училишта, кои беа дел од истоименито проект во кој имаше предавање од истакнати женски индивидуи од светот на уметноста (актерки, фотографки, сликарки), на кое му претходеше работилница за основите во фотографирање, а круна на работилницата и предавањата е изложбата Жените и фотографијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворени избирачките места, се чекаат првите резултати

На изложбата застапени се две теми. Ставен е акцент на жената – нејзината појава и улоги во еден организиран визуелен облик кој заслужува внимание, и слободна тема  како простор за интерпретација на светот околу себе виден преку објективот на жените автори. Проектирани се личните доживувања на стварноста и феноменот на секојдневието со разновидни стилски определби, но со исти цели во естетска и емотивна основа на своето творештво, изразувајќи се во жанрот кој највеќе соодветвува со нивниот сензибилитет!

Разновидноста, актуелноста и автентичноста на нивните уметнички сфаќања и толкувања, високиот степен на естетска свест ги чини рамноправни членови во оваа креативна дејност!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Липково до 18:30 часот?

Овие фотографии ќе учествуваат во животот на идните генерации како предмети од визуелно и емоционално искуство на оние кои ги разгледуваат. Тие продолжуваат да ја емитуваат пораката во себе, експресивна енергија која ја втиснале нивните автори. Затоа, одбележувајќи го Меѓународниот ден на жената (8-ми Март) во име на Фото Клуб Куманово им се заблагодарувам на сите жени автори кои зедоа учество во оваа изложба и овој проект. Целта на целиот проект е да се даде поттик, поддршка, да се продолжи со активноста, а ние како Фото Клуб да ја славиме жената како творец во областа на фотографијата!

Loading...

Интегрално соопштение