Изложба на уметничка фотографија по повод 5 -тиот роденден на ”Ф7”

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово,во вторник /20 октомври/ со почеток во 19,30 ч.  ќе биде отворена клубската изложба на уметничка фотографија во организација и координација на Фото Арт групата “Ф7“.

Loading...

Фото арт група ”Ф7” работи при Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово и во чест на петгодишниот јубилеј организира и меѓуклупска изложба на којашто, покрај учество на членовите на групата, вклучени се и повеќе автори од неколку фото клубови од Македонија.

Селекција на фотографиите е на Цветан Гавровски, мајстор на фотографија, а самата изложба има промотивен карактер и истата ќе биде поставена до 30 октомври.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.