Изложба на скутини утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Изложба на скутини ќе се одржи во четврток во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

Кон крајот на XIX век носијата била во својот полн сјај, карактеризирајќи се со слоевитост во облековните елементи и накитот. Фактот дека носијата е комплетна конструкција сочинета од низа облеки иницира давање акцент на секој засебно.

Овој прокет ќе фрли светлина врз скутината. Првата визуелна средба меѓу носијата и гледачот прави гледачот секогаш да го насочи своето внимание на скутината.

Централно поставена, генерално во големи димензии, таа чини голем дел од целокупната слика на носијата. Кај женските носители, носена во сите етнички предели, во сите возрасни и социјални категории, скутината е забележана и во голем дел на машката облековна култура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Во скутините се напластени основните човекови потреби, но и низа скриени знаци. Широката распространетост продуцирала различна локална терминологија: скутина, фута, бовча, дипла, скутача, телена диљка, опрегач заен, опрегач преен, бокча, пештемал…

Фасцинациите, интересите, истражувањата и научната опсервација се канализираа во проектот „Скутина, фута, бовча, диљка“ – исложба на скутини.

Публиката преку четири различни методи ќе може да ја осознае вредноста на скутините. Методот на инкорпорирање, реалните предмети најдени на теренските истражувања, ќе ги соедини со црно-бели фотографии на коишто е забележан идентичен предмет.

Веродстојноста на дел од скутините гледачот ќе може да утврди преку методот на компарација со визуелна оставина од минатото. Преку методот на рефлексија, дел од скутините гледачот ќе може дља ги пронајде на старите црно-бели фотографии.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Континуитетот на проектот е содржан во методот на самоистражување, каде ќе бидат изложени „анонимни“ скутини, кои кај гледачот ќе стимулираат интерес за нивно истражување. Преку засебни паноа за атипични примери за носење на скутини, ќе се забележи и едукативниот карактер на проектот. (автор на проектот Бојан Петковски, етнокореолог).

Настанот ќе се оддржи на 26.01.2023 година, (четврток) во 13:00 часот, во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово.

Интегрално соопштение