Изложба на фотографии “Напуштени храмови“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Изложбениот салон во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утрвечер ќе биде домаќин на изложбата на фотографии „напуштени храмови“ од авторот Стефан Шашков.

Фотографиите се направени во 2014 година, во селата во Велешкиот регион, под водство на Дарко Николовски, советник конзерватор во Републичкиот завод за заштита на спомениците.

Оваа изложба беше презентирана во Њујорк и Струмица, а во Куманово ќе биде поставена во периодот  од 24ти јуни до 6ти јули.