Изгубени момчиња преживеале 25 дена во амазонската прашума: Јаделе овошје и пиеле дождовница

Сподели со своите пријатели

Браќата Глауко (7) и Глисон (9) се пронајдени на 35 километри од местото на исчезнување, неухранети, дехидрирани, но инаку добро.

Loading...

„Тие се неухранети и сериозно дехидрирани, во болница се, но нема опасност по нивните животи. Тие веќе полека закрепнуваат“, изјави Јанварио Карнеиро да Куња Нето, здравствен службеник во Манаус, главниот град на бразилската сојузна држава Амазонас.

 

 

Момчињата, членови на домородното племе Мура, исчезнале на 18 февруари кога го напуштиле своето село во руралниот округ Маникор и влегле во густа прашума за да ловат птици.

„Тие преживеале од дождовница и сорва, локално овошје богато со јаглехидрати“, рече Карнеиро.

Розинете да Силва Карваљо, мајката на пронајдените момчиња и нивните десет браќа и сестри, изјавиле за локалните медиуми дека тие биле „навикнати да јадат и берат бидејќи најстариот син секогаш носел полна вреќа со овошје кога одел на лов“.

Loading...

Властите веќе престанаа да ги бараат, но мештаните не се откажувале. Случајно ги пронашол семеен пријател кој отишол во прашумата да набави дрва.

 

 

Тој го нашол постарото момче како го носи помладото на грб, кое станало премногу слабо за да оди.

Момчињата се пренесени во болница во Манаус, каде што се лекуваат од некои инфекции и гребаници.

Нивната авантура потсетува на онаа од почетокот на минатата година, кога пилотот Антонио Сена преживеа 38 дена во прашумите на Амазон по падот на неговиот авион, пренесуваат агенциите.