Изгоре возило на Брза помош во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Возило на Итната медицинска помош во Куманово денеска беше опожарено во центарот на градот.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, пожарот избувнал додека специјализираното возило било во движење.

– На 29.08.2023 во 11.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово настанал пожар во движење во патничко моторно возило за специјализирана намена сопственост на ЈЗУ „Здравстен дом“ Куманово, информираат од СВР Куманово.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и возачот, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 

Никола Ивановски

Loading...