Изгоре куќа во пожар во населбата Карпош

Сподели со своите пријатели

Куќа лоцирана на улицата „120“ во населбата Карпош вчера изгорела во пожар, информираат денеска од Центарот за управување со кризи.

Loading...

Пожарот бил пријавен во 09:30 часот по што шестмина пожарникари со две противпожарни возила излегле на терен и успеале да го ликвидираат огнот околу 11 часот.

Причината за избувнување на огнот, како и висината на материјалната штета засега не се познати.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  79-годишник натепал полицаец во Куманово