Избол две сестри до смрт оти „ѓаволот му ветил џек пот од 320 милиони фунти“

Сподели со своите пријатели

Даниел Хусеин (19) минатата година ги уби сестрите Бибу Хенри (46) и Никол Смолман (27) во парк во Лондон.

Loading...

Телата ги пронашло момчето на Никол Смолман. Поради екстремистички ставови и врски со окултизмот, Данијал на судењето тврдеше дека склучил пакт со ѓаволот кој откако ќе убие шест жени на секои шест месеци ќе му обезбеди супер џекпот на лотаријата од 321 милион фунти.

Им пришол на сестрите кои славеле роденден.

Бибу била избодена осум пати, Никол имала бројни повреди што покажува дека жестоко се борела. Ја избодел 28 пати.

Судењето траеше нешто повеќе од една година.

Тој е осуден на 35 години затвор. Полицијата брзо го пронашла.

Поротата видела снимка од пазарот каде убиецот купувал ножеви со кои подоцна ги масакрирал сестрите.

 

Loading...

 

Дома пронашле бројни врски со окултизмот, а полициската истрага била брза и ефикасна.

На истражителите им помогнало и тоа што за време на нападот убиецот се пресекол со нож.

Капки крв останале во тревата на местото на нападот. Мајката ја нападнала полицијата.

Случајот со убиените сестри минатата година предизвика големо медиумско внимание во Англија.

Мајката и другите членови на семејството ја обвинија полицијата дека не реагирала соодветно.

„Скотланд Јард не прифати дека згрешил, требаше да ја преземе одговорноста. Тие беа прогласени за исчезнати, а семејството прво ја организираше потрагата. Да, тие се извинија, но тоа не е нешто на што можете да му кажете „извини”. Мора да преземете одговорност. Полицијата не направи се што требаше тој ден“, вели мајката Мина Смолман незадоволна од работата на полицијата.

Loading...

Англија има аларм за исчезнати лица што полицијата го користи кога е сигурна дека може да биде киднапирање или нешто полошо.

Во тој случај се мобилизирани сите расположливи сили.

Тој ден немало тревога. Мајката тврди дека виновен е инспекторот кој го примил повикот. Тој вели дека имал различни претпоставки за тоа каде би можеле да бидат девојките, наместо да го крене алармниот систем.

„Поради него, околу 14 луѓе, семејството и пријателите ги бараа Бибу и Никол. Никогаш нема да можам да ја избришам таа слика“, додала мајката.