Избегната катастрофа во кумановско, откако пожар стигна до државните резерви на горово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден воделе голема битка да ги спасат државните резерви на гориво сместени во кумановско, во чија близина избувнал голем пожар кој се проширил во селата Речица, Ваксинце, Лојане и Табановце.

Loading...

Пожарот избувнал откако почнале да горат сува трева и стрниште, но набргу се проширил во огромни размери.

Околу 14 часот вчера кумановските пожарникари започнале со гаснење на пожарот во селото Табановце, кој се движел кон селата Речица и Лојане. Таму гореле запалена сува трева и стрниште, при што веднаш биле упатени осум пожарникари со две противпожарни возила.

Пожарот во меѓувреме се проширил кон резервите на МакПетрол каде се складирани државните резерви на гориво.

– Во 20 часот добивме податоци од командирот на ТППЕ дека пожарот е пресечен и нема опасност од проширување кон резервите на МакПетрол, стои во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи.

На терен биле испратени дополнителни шест пожарникари и три противпожарни возила, бидејќи била зафатена поголема површина.

Две екипи се вратиле од терен некаде околу 23 часот, а останатите четири екипи останале до полноќ кога целосно бил изгаснат пожарот.

Во меѓувреме пожар избувнал и во населбата Карпош, но бил ликвидиран околу 20:30 минути.

Loading...

 

Никола Ивановски