14.08.2019 00:48

Италијанскиот сенат ја одложи одлуката за судбината на владата


Горниот дом на италијанскиот парламент, Сенатот соопшти дека до 20 август ги одложува сите одлуки за судбината на владата и додава дека тој ден ќе се разговара за влад акоја нема да може да биде сведена на гласање на недоверба.

Сенаторите го одбиле предлогот на потпретседателот на владата и лидерот на десничарската партија Лига на Матео Салвини за потпишување документ за крајот на владата, формирана пред 14 месеци во коалиција со Движењето на пет ѕвезди на Луиџи ди Мајо.

loading...

Салвини минатата недела изненадно го соопшти крајот на владејачката коалиција.

Коалициската криза се формираше околу неодамнешното парламентарно гласање за железничкат алинија на брзиот воз меѓу Торино и Лион во Франција. Лигата гласала за таа линија, а движењето на Ди Мајо се протовило.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments