Италија ќе бара продолжување на законот за испорака на оружје за Украина

Сподели со своите пријатели

Италијанската влада ќе побара од парламентот да усвои нов закон за воено и цивилно снабдување на Украина во 2023 година, изјави во интервју министерот за одбрана Гидо Крозето.

Loading...

Владата во Рим може да испрати помош за Украина без одобрение од парламентот со декрет кој истекува на крајот на годината.

„Министерството за одбрана наскоро ќе предложи продолжување на истата мерка за цела 2023 година“, изјави Крозето за весникот „Ил Фољо“.

Крозето рече дека Италија ќе продолжи да испорачува оружје, како што правеше во минатото, „на моменти и на начин на кој ќе се договориме со нашите атлантски сојузници и со Киев“.

Крозето е член на Браќата на Италија, десничарската партија на новиот италијански премиер Џорџија Мелони, која силно ја поддржува Украина.

Но, двајцата клучни членови на владејачката коалиција, Матео Салвини и Силвио Берлускони, се поамбивалентни – и двајцата имаат историски врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.