Италија го ограничува бројот на туристи во Венеција

Сподели со своите пријатели

Италијанските власти најавија дека ќе воведат ограничувања на бројот на дозволени луѓе во Венеција, во обид да го намалат масовниот туризам во градот.

Loading...

Досега податоците покажуваат дека досега околу 100.000 туристи секојдневно можеле да се шетаат низ градските плоштади.

Сепак, за неколку недели веќе нема да можат слободно да го обиколуваат градот, пренесува Б92.

 

 

Патниците ќе можат да го посетат градот само доколку онлајн резервираат билет во износ од пет евра, а билетите ќе важат само еден ден за да се ограничи бројот на влезови.

 – Целта е да се обесхрабри еднодневниот туризам, „hit and run“ туризмот, пристигнување и заминување во ист ден, замор и стрес за градот, а наместо тоа сакаме да поттикнеме побавен туризам – објасни Симоне Вентурини, заменик градоначалник.

Loading...

Петстотини камери ќе ги следат посетителите, постојано емитувајќи слики од улиците во потрага по туристи скитници, а полицијата ќе може да го утврдува идентитетот на луѓето во реално време благодарение на податоците од мобилниот телефон.

 

 

 – Ако ги внесеме податоците во збирна анонимна форма, ќе видиме кои се овие луѓе: 977 странци, 800 Италијанци, 135 жители и 139 патници кои одат на работа – откри Марија Тереза ​​Маниеро, заменик командант на венецијанската полиција.

Сепак, системот е исто така поставен за да им овозможи на локалните жители слободно да се движат.

Туристичка такса и начин да се ограничи влезот во популарниот град се планира од 2019 година, но нејзиното воведување е одложено поради различни причини, вклучително и пандемија.

 

Loading...

 

Иако датумот за воведување на таксата допрва треба да се објави, се очекува тоа да се случи за неколку недели.

Минатото лето Венеција го забрани пристигнувањето на крстосувачите во венецијанската лагуна за да го задржи статусот на списокот на светско наследство на УНЕСКО.