Италија: Десницата триумфираше на изборите

Сподели со своите пријатели

Џорџија Мелони најверојатно ќе стане првата жена премиер на Италија која ќе ја предводи најдесничарската влада од Втората светска војна, откако нејзината конзервативна коалиција триумфираше на парламентарните избори во неделата.

Loading...

Привремените резултати покажаа дека десничарскиот блок треба да има убедливо мнозинство во двата дома на парламентот, што е потенцијална ретка можност за политичка стабилност во Италија по години пресврти и кревки коалиции, оценува Ројтерс.

Но, Мелони и нејзините сојузници се соочуваат со растечки список на предизвици, вклучувајќи ги и зголемените цени на енергијата, војната во Украина и обновеното забавување на третата по големина економија во еврозоната.

„Мораме да запомниме дека не сме на крајот, туку на почетната точка. Од утре мора да ја докажеме нашата вредност“, им рече 45-годишната Мелони на навивачките поддржувачи на нејзината националистичка партија Браќа на Италија во понеделникот наутро.

Мелони ги минимизира постфашистичките корени на партијата и ја претставува како мејнстрим политичка групација како британските конзервативци.

Таа вети дека ќе продолжи да ја поддржува западната политика кон Украина и дека нема да експериментира со кревките италијански финансии.

Европските престолнини и финансиските пазари внимателно ќе ги следат нејзините рани потези со оглед на нејзиното евроскептично минато и амбивалентниот однос на нејзините коалициски партнери кон Русија.

Мелони имаше помирувачки тон во нејзиниот победнички говор.

Loading...

„Ако сме повикани да управуваме со оваа земја, тоа ќе го направиме за сите Италијанци со цел да ги обединиме луѓето и да се фокусираме на она што не обединува, а не на она што не дели“, рече таа.

„Време е за одговорност“, додаде таа.

Лош резултат на Лигата на Матео Салвини

Откако се преброени повеќе од половина од гласачките ливчиња, Браќата од Италија имаат 26 отсто од гласовите, што е огромен пораст од само 4 отсто на претходните парламентарни избори во 2018 година.

Спротивно на тоа, главниот сојузник на Мелони во централно-десничарската коалиција, како што официјално се нарекува коалицијата, имаше катастрофална ноќ.

Лигата на Матео Салвини освои, според сегашните резултати, околу 9 отсто од гласовите, што е голем пад во споредба со повеќе од 17 отсто пред четири години, додека Мелони ја престигна Лигата во нејзините традиционални упоришта на северот на земјата.

Третиот член на таа коалиција, партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони, освои околу 8 отсто од гласовите, така што партијата Браќа на Италија е доминантна во коалицијата.

Иако се предвидува дека десничарската коалиција ќе има удобно мнозинство и во горниот и во долниот дом на италијанскиот парламент, коалициските партнери имаат различни ставови за неколку прашања кои можеби е тешко да се усогласат.

За разлика од Мелони, Салвини ги доведува во прашање санкциите на Западот против Русија, а тој и Берлускони често го изразуваа своето восхитување од рускиот лидер Владимир Путин.

Loading...

Тие, исто така, имаат различни ставови за тоа како да се справат со зголемените сметки за енергија и дадоа низа ветувања, вклучително и намалување на даноците и пензиските реформи, кои Италија ќе се бори да си ги дозволи.

Мелони ќе ја преземе функцијата од Марио Драги, поранешниот шеф на Европската централна банка, кој го сврте Рим кон центарот за одлучување на ЕУ, потпирајќи се на блиските врски со Париз и Берлин.

Владата на технократскиот премиер Марио Драги пропадна по 18 месеци откако беше напуштена од популистичкото Движење пет ѕвезди.

Партијата „Браќата на Италија“ беше единствената од поголемите партии што не учествуваше во таа влада на национално единство.

Меѓу првите лидери кои му честитаа на Мелони беше унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е близок до Салвини и лидерите на десничарската коалиција.

На изборите гласале 64 отсто од гласачите, што е за десет процентни поени помалку од пред четири години и воедно најниска излезност во историјата.

Десницата целосно го искористи италијанскиот изборен закон, кој ги фаворизира партиите кои формираат предизборни сојузи.

Заедно со традиционалната коалиција на десниот центар и коалицијата на левиот центар, популистичкото Движење пет ѕвезди освои 16 отсто од гласовите, додека центристичката коалиција околу партијата Акција освои 7 отсто од гласовите.

Loading...

Најголемата партија во коалицијата на левиот центар, Демократската партија, освои 19 отсто од гласовите.

„Ова е тажна ноќ за земјата“, им рече на новинарите истакнатата претставничка на ПД, Дебора Серакиани.

Десницата има мнозинство во парламентот, но не и во земјата“, додаде таа.