Истанбул со апликација ќе ги лоцира сите бездомни мачки и кучиња

Сподели со своите пријатели

Истанбулските власти создадоа мобилна апликација SmetiPati која ќе се обиде да постигне амбициозна цел, а тоа е лоцирање на сите мачки и кучиња кои шетаат по градските улици.

Loading...

Апликацијата е развиена од водечката ИТ компанија Коч Системс, а тоа значи дека сите љубители на животни пријавуваат мачки и кучиња со апликацијата.

Реакција на мачка на труднички стомак го разнежни интернетот (ВИДЕО)

Властите сакаат подобро да се грижат за нивното здравје и да направат подобри политики кога станува збор за третманот на овие животни.

Ипек Кирац од споменатата компанија истакна дека дошла до идеја за развој на оваа апликација бидејќи бројот на бездомни кучиња што ги хранела се зголемува секој ден.

Ќе се создаде база на податоци за секое животно и ќе бидат достапни информации за луѓето кои се грижат за нив и ветеринарите.

Секој профил на животното ќе содржи основни информации за него и фотографија. Податоците ќе се ажурираат редовно.

Мечка по 30 години пуштена од кафез доживеа целосна трансформација (ВИДЕО)

Loading...

Истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу посочи дека планот е апликацијата да биде достапна во рок од половина година, пишува турскиот весник Дејли Сабах.

Leave a Reply