Исповед на жената која прва го отворила гробот на ИСУС: Со инструментите се случи нешто многу чудно…

Сподели со своите пријатели

Антонија Марополо, хемиски инжинер од Националниот технички универитет во Атина, била водач на експертскиот тим кој минатата година направи единствен проект во светот, отворање на гробот на Исус Христос во Ерусалим, односно на местото на неговото воскреснување.

Отворен реставрираниот гроб на Исус Христос

Loading...

Медиумите тогаш пишуваат дека при отворањето на Светиот гроб се случиле чудни феномени на небото, дека се слушнале звуци на труби. Марополо тоа не го видела, но забележала нешто друго.

– Јас тоа не сум го кажала, затоа што во моментот на отворањето на Светиот гроб бев внатре со другите. Немаше таков феномен, но кога излегов надвор, откако започнавме да го истражуваме гробот, инструментите кои претходно ги псотавивме на плочата на гробот за да го забележиме секој момент, вибрациите и слично, едноставно се исклучија. Тоа беше факт. Не можам тоа да го објаснам, но се снимив. Со сигурност можам да кажам дека околу тоа место постои некоја енергија, која е многу, многу силна. Нашата работа на овој проект ја доживеав со големо почитување и завет кон овој единствен споменик на христијанството. Целта беше да се анулираат деформациите на светата Едикула, кои беа видливи на вратата по реставрацијата од 1810 година. Беше воочливо дека подземните води го загрозуваат објектот и дека има промени на теренот. Отворањето на гробот на Исус беше единствено и голем предизвик, затоа што моравме да го направиме тоа без ниту една грешка. Истовремено претставуваше и големо искуство, емоционално и религиозни, затоа што се случуваше седум векови од последното отварање. Кога ја тргнавме плочата, во Светито гроб немаше никакви предмети. Не ни очекував дека такво нешто ќе најдевме. Најдовме само празен гроб, при што беа видливи оштетувањата на долната плоча на гробот. Таа е од камен и на неа има резби. Плочата беше скршена, а имаше и систни камчиња. Секако, ги направивме потребните репарации, но искршената плоша ја оставивме каква што беше. Само ја прекривме со бела мермерна плоча, раскажува Марополо.

Постојат различни мислења дали баш на тоа место била пештерата во која Јосиф го погребал Исус.

– Она во што сум сигурна е дека плочата која ја откривме е токму онаа од периодот на царот Константин и царицата Елена. Тоа значи дека сум убедена дека ова е местото, кое ни го открија како Светиот гроб и каде направиле црква, вели Марополо.

Научниците го скицираа вистинското лице на Исус? (фото)

Во Библијата, во евангелието по Матеј, пишува дека по смртта на Исус распнат на крстот на местото Голгота, Јосиф го зел неговото тело, го замотал во бело платно и го погребал во пештерата.

Цркавата на Константин на Светиот гроб ја уништил муслиманскиот калиф Ал-Хаким во 1009 година, а во 12 век Крстоносците и го дале сегашниот изглед. Последен пат била реконструирана во 19 век. Со неа управувала Грчката православна црква, Ерменската православна црква и Римокатоличката црква.